Фабриката за батерии во Кичево е уште едно неостварено ветување на СДСМ и ДУИ

Безмалку цела година помина откако помпезно се најави отварање на нова фабрика за батерии во Кичево,за која власта ветуваше 600 вработувања, а и после една година нема ништо од ветеното. Народот тука како да се навикна на лагите и на празните ветувања, но не заборава и не простува, – бидејќи нашите деца подобрата иднина ја бараат во странство поради ваквите поразителни политики, порачуваат од Левица.

-Да потсетиме наводниот Договор за реализација на инвестицијата во Брисел го потпишаа директорот на Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони, Јован Деспотовски и сопственикот и генерален директор, АБЕЕ, Нешин Омар. На церемонијата на потпишување на договорот присуствуваше и министерот за економија од ДУИ, Крешник Бектеши.

Министерот за економија Крешник Бектеши му честиташе на менаџментот на ТИРЗ за успешно завршена работа во делот на привлекување на нови инвестиции.

-Бектеши, кој е кичевчанец, всушност ништо не стори за подобрување на економската слика на Кичево, освен ветувањата кои никако да се реализираат. Додека Ахмети го прогласува Кичево за “воен плен”, реалноста е дека Кичевчани никогаш не живееле полошо!