ДСП Ленка: Ликот и делото на револуционерот Рацин се користи за НАТО-вска пропаганда!

Движењето за социјална правда ЛЕНКА, регираше на отворањето на новиот портал „рацин.мк“, кој во својата промотивна објава каде ја изложува визијата и мисијата на порталот очигледно се наведени вредности и цели кои во никој случај не соодјествуваат со ликот и делото на револуционерниот поет и комунист, Коста Солев – Рацин. Имено, порталот „рацин.мк“, меѓу другото вели дека фокусот и мисијата на уредувачката политика на порталот ќе бил „придобивките од НАТО интеграцијата и учеството во забрзување на евроинтеграциите“?!

Подолу, ви ја пренесуваме во целост реакцијата на ДСП-Ленка:

Сороспиите, како главни НАТО-вски мегафони повторно во обид да ја манипулираат македонската јавност со тоа што преку сквернавење на ликот и делото на светлите ликови од неговата историја, се обидуваат да ги искористат за својата фундаменталистичка НАТО-вска агенда.

Имено, вчера се само-обзнани некаков си портал „рацин.мк“ кој, замислете, во фокусот на нивната мисија ќе било „нашето [се мисли на македонското општество] место и придобивки во НАТО и учеството во забрзување на евроинтеграциите“?!

Ова е класично безочно искористување и злоупотреба на името на револуционерот и комунист Коста Солев Рацин. Се поставува прашањето дали овие странски платеници знаат за експресионистичкото дело на Рацин, песната „Огномет“, во која Рацин ја најавува Големата Промена од која ќе се роди новиот свет: „Тоа не е небо што во последните болскоти на сонцето крвави перверзно / Тоа не се водени огледала и слични измислици на безделниците – будали / Тоа е агонија на еден претсмртен поредок на нештата, / Тоа е лом и крах / Таинствени знаци на оние кои молат за промена / И сеопшто спасение / Во нас самите…“

Во истата песна Рацин за империјалистичкото присуство на Балканот забележува: „Педесетина милиони скапуваат од глад / А светот се дави во изобилство, / Педесетина милиони се одвишни за оваа планета / И тие можат да се селат на Марс, / на шестиот и седмиот континент / Само овдека не, / Само не во порите на грбавата планета Земја / Кадешто секоја стапка / Му е метаНа профитот / На богот на златото, / Или овдеКаде срцевината на балканската земјаЈа цица ФРНАЦУСКОТО злато! / Сите нешта станаа конечен јазел!“

Инаку, како уредник на овој портал се појавува владиниот новинар Зоран Бојаровски, кој се-везден се врти како дел од разно-разните „проекти за граѓански активизам“, и све што прави шири странска предавничка пропаганда и ја хвалоспева врховистичката власт на СДС и ДУИ. Додека како соработници се појавуваат имињата на Катерина Колозова, Емилија Целакоска, Тони Поповски, Ацо Лукароски, Љуан Имери, Љубиша Николовски.

Но, овие политички лилипутанци никогаш нема да можат да го засенат влијанието на ликот и делото на еден од симболите на антри империјализмот во целиот свет, Кочо Рацин. Вредностите кои овој поет ги врежа во македнскиот народ и светското комунистичко движење нема да можат да бидат засенати од никакво и ниедно НАТО-вско оружје – неговиот збор е посилен од сите нивни куршуми – на крај сепак ние ќе победиме!