Апасиев прекинат на Канал 5 – мистериозно снемало струја

Вечерва една од најголемите македонски телевизии „Канал 5“ запре со емитување на програма во живо додека во телевизијата гостуваше претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Програмата имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи и на телевизијата.

Програмата прекина со емитување кога Апасиев почна да зборува за Владата како ЕУ-фундаменталисти кои се во договор со странски амбасади.

Следната тема за која требаше да се разговара на интервјуто беше пописот за кој Левица отворена ја пропагира опцијата за бојкот. Од ЕВН немаат информација дека има прекин на струја. Моментално, Мирчевски оди во живо каде објаснува дека се работи за мистериозно исчезнување на струја со оглед на тоа што и резервниот агрегат не профункционирал.