Aпасиев за Мицкоски: Баба ми да беше жива ќе кажеше не знае кај тера

По т.н. лидерска средба, согласно која ВМРО-ДПМНЕ потклекна уште еднаш и прифати уставни измени за бугаризација на Македонија, реакциите во јавноста и политичките противници на партијата не стивнуваат.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев во краток фејсбук статус за Мицкоски напиша „дека не знае кај тера“. Оваа констатација доаѓа како резултат на тоа што Мицкоски и ДПМНЕ уште еднаш радикално ги променија своите ставови на штета на Македонија.

Баба ми да беше жива, за ваквиот лидер, кој за пола година шест пати смени став за Бугарите во Устав – ќе речеше: „Синко, а бе овој НЕ ЗНАЕ КАЈ ТЕРА“ – напиша Апасиев.