Левица: Широката Влада на Заев ја реализира Мицкоски

  • Реакција на Политичката партија Левица

Вчерашната лидерска средба уште еднаш потврди дека ниту едно национално предавство не може да се оствари без активно учество на ВМРО-ДПМНЕ. Идејата за широка влада, која ја понуди Мицкоски, е идеја на поранешниот премиер Зоран Заев од пред две години – која токму Мицкоски ја одби!

ДПМНЕ тогаш одби да учествува во влада со СДС, затоа што тоа би било амнестирање од одговорноста за сите криминали и предавства на врхушката на СДС. Две години после предлогот на Заев, токму Мицкоски ја изнесе оваа идеја пред распадната СДС, што претставува ретерирање од нивниот претходен став и очигледна АМНЕСТИЈА за сите предавства на врховистичката СДС.

Левица останува единствена опозиција во одбрана на националните интереси и нема да прифати никаков компромис за отворање на Уставот, ПОД НИКАКВИ УСЛОВИ И ОКОЛНОСТИ. Ставот на Левица е јасен – ние сме против било какво отворање на Уставот и ПРЕКИН на преговорите со Бугарија.

Сметаме и алармираме дека секое преговарање за идентитетските прашања е еднакво на национално предавство и единствени прашања за кои треба да се преговара е одговорност и ЗАТВОР за сите сегашни и поранешни функционери кои национално и економски ја уништија Републиката! Сигурни сме дека раководството на ДПМНЕ е свесно дека секое отворање на Уставот во минатото било погубно за македонската кауза, но немањето државотворен капацитет ги прави соучесници во новото национално предавство.

Го повикуваме освестениот македонски народ конечно да стави крај на владеењето на овие две анти-македонски партии и да го препознае историскиот миг пред кој сме соочени како генерација. Дегутантните обиди за заплашување со војни од страна на октроираниот премиер веќе не поминуваат кај македонскиот народ, затоа што Република Македонија била конституирана токму преку борбениот и антифашистички дух на Македонците против ваквите привремени марионети!