Бугарија финансиски ќе им помага на граѓаните со бугарска самосвест да ја тужат Македонија

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, во интервју за бугарската национална телевизија, изјави дека постои ескалација и зголемување на тензиите со Македонија.

„Во последните месеци бевме сведоци на разни дејствија кои се непријателски и неусогласени со разбирањето и договорната основа. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на ‘францускиот предлог’. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес“ – изјави Милков.

Бугарскиот Министер за надворешни работи изјави дека Бугарија е подготвена финансиски да им помогне на граѓаните со бугарска самосвест во Македонија во правната битка што би ја воделе пред домашните и меѓународните судови.

„Повеќето од нив можеби немаат финансиски или други средства сами да го направат тоа. Мора да се охрабрат и да се чувствуваат поддржани“, рече министерот.