(Видео) Мојсоска: Ако Гоце е Бугарин затоа што учел во бугарско училиште тогаш Џафери е Југословен

„30 години ниту една власт не се грижела за нашите антифашистички споменици и не само што нема некаква промоција на народноослободителната борба, туку ако земете да барате нешто за антифашистичката историја на Македонија ќе видите дека за време на Југославија се направени и многу повеќе филмови и зачувана е многу поголема архива отколку во овие 30 години на независност. Во меѓувреме се градеа музеи на жртвите на комунизмот, додека овие споменици беа оставени на забот на времето.

Тоа беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а во времето на СДСМ дојдовме до степен од спомениците да се бришат натписите ‘бугарски фашистички окупатор’. Тоа е директна рехабилитација на фашизмот којшто се случува кај нас и веќе ескалира, а за тоа се доказ и бугарските клубови. Тука би потенцирала дека Левица е единствената антифашистичка партија во Македонија“, – вели Јована Мојсоска, генералниот секретар на Левица.

Што се однесува на бугарските „докази“ дека Гоце Делчев е Бугарин поради тоа што предавал во бугарско училиште, Мојсоска кратко рече:

„За Гоце Делчев смета дека е Македонец, а ако е Бугарин бидејќи учел во бугарско училиште и бил вработен во бугарската администрација, тогаш според нејзе и за претседателот на Собранието Талат Џафери, можеме да тврдиме дека е Југословен, бидејќи учел во Белград и бил офицер во ЈНА.“