OОН признаа: Доцнењето на помошта за Сирија е шокантно, вина има и кај меѓународната заедница

Истражната комисија на OОН соопшти дека OОН, сириската влада како и други актери се одговорни за доцнењето во обезбедувањето итна помош за Сиријците по земјотресот минатиот месец, опишувајќи ги одложувањата како „шокантни“ и повикувајќи на специјална истрага.

Завојуваните страни не успеаја да се договорат за прекин на непријателствата и да обезбедат спасувачка помош на кој било начин, оставајќи ги Сиријците да се чувствуваат „напуштени и запоставени од оние кои треба да ги штитат во тешки времиња“, пренесува Ројтерс.

„Сириското население има право на вистината – зошто биле третирани така“, рече рече Претседателот  на Комисијата при ООН, Пауло Пинеиро.

„Иако имаше многу херојски чинови среде страдањето, бевме сведоци и на голем неуспех на целокупната меѓународна заедница, вклучително и Обединетите нации брзо да ја насочат спасувачка помош за Сиријците кога им беше потребна“, рече Пинеиро.

Портпаролот на хуманитарната канцеларија на ООН рече дека 720 камиони со хуманитарна помош досега стигнале до северозападна Сирија користејќи три гранични премини и потврди дека не била испратена „тешка опрема“, велејќи дека тоа е вид на помош што може да ја пружат само националните власти.

Според Пекинг нелегалната окупација на Сирија ја влошува кризата и предупреди дека одговорноста за ситуацијата во Сирија ја носат и САД.

„Нелегалната воена окупација на Сирија од страна на САД само ја влошува хуманитарната криза во таа земја“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

Сепак, Западот продолжи да се држи до санкциите против Сирија дури и за време на хуманитарната катастрофа што ја снајде земјата.

Шефот на европската дипломатија Жосеп Борељ изјавил, пренесува Спутник, дека ЕУ нема да ги укине санкциите за Сирија и нема да помогне во обновата на таа земја додека таму не започне промената на власта.

Ева Бартлет, канадска новинарка која живее и известува за конфликтните зони на Блискиот Исток, истакна дека сирискиот народ не може да добие донации или итна поддршка од странство.

„Едно лице започна онлајн кампања за собирање средства, но таа беше отстранета поради санкции. Внесете го зборот „Украина“ во полето за пребарување на „PayPal“ или „GoFandMi“ и ќе видите безброј апели за испраќање пари во Украина. Но, за Сиријците, западните платформи како овие се забранети со години“, рече Бартлет. 

Дури и без земјотресот, Сиријците се мачеа да добијат лекови, болниците се мачеа да ги набават или одржат потребните машини и опрема, а населението како целина се гушеше бидејќи економијата на земјата пропадна, што им беше и планот, изјави новинарката.