Лавров: Руската специјална операција има за цел да го прекине курсот на САД за целосна доминација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот во интервју изјави дека руската специјална воена операција во Украина има за цел да го прекине курсот на САД и другите западни држави за целосна доминација.

„Нашата специјална воена операција има за цел да стави крај на неограничените експанзии и неограничениот курс кон целосна доминација на САД и другите западни држави на меѓународната сцена‘‘

Лавров истакна дека таквата доминација се спроведува со ужасни прекршувања на меѓународното право.

„Можно е да се признае независноста на Косово без референдум, но невозможно е да се признае независноста на Крим по референдум, набљудуван од стотици претставници на странската јавност. САД измислуваа закана за нивната национална безбедност во Ирак, илјадници километри подалеку од нив, но кога ја бомбардираа и не најдоа никаква закана таму, дури не се ни извинија. И кога неонацистите и ултрарадикалите растат токму на нашите граници, се создаваат десетици биолошки лаборатории под надзор на Пентагон, кои вршат некои експерименти кои имаат за цел да развијат биолошко оружје – откриените документи не оставаат простор за сомнеж – тогаш не ни е дозволено да реагираме на оваа закана, токму на нашите граници, не надвор од океанот‘‘