Путин: Моравме да ја заштитиме Русија

Путин присуствуваше на церемонија на доделување награди на космодром во регионот Амур на крајниот исток на Русија, каде што требаше да се сретне со белорускиот лидер Александер Лукашенко. На церемонијата тој изјави дека руската воена операција во Украина ќе ги исполни своите благородни цели.

„Москва немаше избор освен да покрене воена интервенција за да ја заштити Русија. Судир со украинските антируски сили беше неизбежен и прашање на време. Воената операција во Украина беше исправна одлука‘‘

Владемир Путин рече дека Русија не планира да се изолира од светот, но веќе не можела да го толерира геноцидот што се вршел врз луѓето од регионот Донбас кои зборуваат руски. Путин исто така ги отфрли обвинувањата за масакрот на цивилите во Буча, што го опиша како исцениран од украинските сили.