Левица: Лихвобанкарите остварија рекордни половина милијарда евра прихофи од камати, провизии и надоместоци

  • Лихвобанкарите остварија рекордни половина милијарда евра прихофи од камати, провизии и надоместоци, реагираат од Политичката партија Левица:

Лихвобанкарите ја завршија 2022 година со РЕКОРДНИ приходи, особено по основ на камати, провизии и надоместоци кои изнесуваат 498 милиони евра, или 402 милиони евра само за петте големи банки! Нето-добивките на банките изнесуваат 157 милиони евра, од кои само пет големи банки остварија 143 милиони ПРОФИТ.

Потсетуваме дека Левица поднесе Предлог-закон за ограничување и намалување на провизиите и надоместоците на банките, но олигархиските партии не го поддржаа!

И покрај високите приходи на банките, нивните нето-добивки скромно се зголемени, поради најавениот Закон за данок на солидарност или данок на екстра профит. Дел од банките прикажаа дури и понизок профит во 2022 година спореден со претходната, за да го избегнат или намалат данокот на екстра профит.

Овој закон најверојатно власта, со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, нема да го воведе, бидејќи бизнис-партиите тесно поврзани со олигарсите никогаш нема да ги оданочат своите компании.

Во 2022 година, изменета е и сопственичката структура во корист на странкиот капитал и нивното учество во вкупниот капитал изнесува 87,8 отсто за петте големи банки или 77,7 отсто во цел банкарски сектор. Односно, странците продолжуваат да ПРОФИТИРААТ врз грбот на домашното население, а своите лесно заработени профити ги изнесуваат од Македонија.

Дополнително, банките најавуваат воведување на НОВИ надоместоци и провизии, како и нивно зголемување, а за забрзаниот раст на променливите каматни стапки, во прилог им одат мерките за намалување на инфлацијата од страна на Народна банка преку затегнување на монетарната политика, која всушност значи зголемување на референтната стапка и каматата на благајничките записи.

Овие мерки, не ја намалија инфлацијата, но во континуитет го намалуваат животниот стандард и куповната моќ на граѓаните, кои од егзистенцијални причини плаќаат сè повисоки и неповолни кредити.

За да се стави крај на ненаситноста на лихвобанките, мора да се ОГРАНИЧАТ провизиите и надоместоците и да се укине променливата каматна стапка, затоа што не престанува нивната трка по екстра профити во време на криза, кога крајно е загрозена благосостојбата на народот.

Со ограничување на слободата во утврдувањето на тарифите, ќе се спречи самоволието на банкарскиот сектор и ќе се заштитат граѓаните од современите лихварски методи.