Парламентот на Египет одобри приклучување кон Новата развојната банка на БРИКС

Пратениците во неделата го одобрија договорот што му дозволува на Египет официјално да се приклучи на Новата развојна банка што ќе ја формира економската групација БРИКС, која ги вклучува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Заменик-претседателот на Економскиот комитет на Претставничкиот дом, Мохамед Абдел-Хамид, рече дека приклучувањето кон групата БРИКС и нејзината Развојна банка е од корист за Египет. „Ќе имаме корист од финансиската и техничката помош од Банката во областите на одржлив развој, здравство, инфраструктура, транспорт, вода и телекомуникации“.

Пратениците го поздравија договорот, гледајќи во него начин да помогне во намалувањето на побарувачката од американски долари.

„Приклучувањето на Египет во Новата развојна банка на групата БРИКС, исто така, ќе го ослободи државниот буџет од притисокот за наоѓање американски долари за да се задоволи увозот на земјата, бидејќи членовите на Банката можат да ги користат своите национални валути во трговската размена“, рече Абдел-Хамид.

Пратеникот Ахмед Ел-Авади, шеф на Комитетот за одбрана и национална безбедност на Претставничкиот дом, изјави дека успехот на Египет во приклучувањето кон Новата развојна банка на БРИКС ја одразува довербата во египетската економија. Тоа, исто така, претставува чекор во борбата против феноменот на доларизација и отвора нови пазари за египетските земјоделски и индустриски производи.

Пратеничката Мерват Матар рече: „БРИКС е важен форум што може да го насочи курсот на меѓународната економија подалеку од американската доминација и американскиот долар“. Таа додаде дека „поради војната во Украина, во Египет страдаат од сериозен недостиг на девизи“ , што создава проблеми за задоволување на потребите од увоз.

Таа, исто така, ја пофали одлуката на руската централна банка пред една недела да ја додаде египетската фунта на листата на странски валути официјално поставени во однос на рубљата. „Мислам дека по приклучувањето кон БРИКС и Новата развојна банка, ќе можеме да склучиме слични договори со Кина, Индија, Бразил и Јужна Африка“, рече Матар.

Египетскиот претседател Абдел-Фатах Ел-Сиси учествуваше на самитите на групата БРИКС во 2017 и 2022 година. „Би сакал да ја изразам мојата благодарност за групата БРИКС – форум чија позиција расте од ден на ден на меѓународната сцена“ – рече Претседателот.