(Видео) Левица: Уставниот суд итно да ја процесуира Иницијативата на Левица за Законот за попис

Во целост ја пренесуваме изјавата на Новица Ристески – Координатор на Правен Сектор на Политичка Партија Левица

„Левица денес до Уставниот суд на Република Македонија, поднесе Ургенција со барање за слободен пристап до информации од јавен карактер во врска со претходно поднесената Иницијатива против Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во РМ 2021 – со барање за времена мерка!

Причината за поднесување на Ургенцијата е тоа што ние и по осум недели од поднесувањето на Иницијативата, немаме никаква информација до каде е конкретниов предмет!

По тој повод, денес пред Уставниот суд, веднаш по поднесувањето на Ургенцијата, координаторот на Правен сектор – Левица, Новица Ристески, одржа прес конференција, на којашто ги постави прашањата:

  1. Кај кој судија-известител е распределен овој предмет?
  2. Кој е неговиот архивски број?
  3. Што досега е преземено во врска со предметов?
  4. Зошто сè уште не е ставен на Дневен ред на седница на Уставниот суд и кога се планира да се стори истотото?”