Левица: Корупцијата е најголема пречка на европскиот пат за Македонија
- Реакција на Политичката партија Левица
Извештаите на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во интеграциониот процес, повеќе од десет години, како КЛУЧЕН ПРОБЛЕМ во државата ја оценуваат корупцијата.
Ова беше еден од клучните проблеми кои беа укажувани за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, но Владата на октроираниот премиер Ковачевски овој проблем го издигна до совршенство! За ова потврдуваат и амандманите поднесени за Извештајот на Европската комисија.
Имено, корупцијата е проблем кој многукратно се споменува во поднесените амандмани, а дополнителено е оценето дека Владата нема политичка волја за надминување на овој проблем. Освен корупцијата, за која се напоменува нискиот ранг и на „Треанспаренси интернешенал“ каде Македонија е на срамното 85. место. Перењето пари, владеењето на правото, спроведувањето на демократијата како и основните права, се работи кои исто така се посочуваат како исклучително проблематични во амандманите.
И покрај ваквите забелешки, Владата продолжува да манипулира со граѓаните, дека уставните измени се главна пречка за продолжување на интеграциите!
Левица нагласува дека спроведувањето на Софиска Платформа нема воопшто да го унапреди процесот на зачленување во ЕУ. Напротив, наместо Владата да спроведува државни велепредавства и да очекува за истите да биде наградена од нивните нарачатели, потребно е сериозно да се вложи напор за расчистување со структурите кои се произведувач и главен промотор на корупцијата. Ова е можно само со пад на Владата на СДС и ДУИ!