Пописот како политичко-социолошка алатка за оправдување на дводеценискиот процес

  • Статус на Реџеп Исмаил Хактан – член на президиумот на Левица

Задачата на пописот беше, и е политичко-социолошка алатка за оправдување на дводеценискиот процес, преку кој најразлични албански политички ентитети (групи и поедици, без-разлика) ја минираа унитарноста на Македонија, и кои, со инсталирањето на етно-трибалистичките елементи во нејзиниот политички систем – вклучително на локално и централно ниво од институционалниот поредок на државата – бирократски беа верификувани нивните национал-шовинистички политики.

А истиот овој процес беше октроиран од меѓународните фактори на Западот, преку кој на крај – неуспевајќи со розеви ветувања и продавање на америчкиот (читај европски) сон како реалност – го присилија македонскиот народ да ја изгуби државата како творба на историскиот развиток од неговиот колективен дух (култура).

Овој народ е оставен без очув (држава), среде волци (национал-шовинистичките асимилаторски идеи на неговите соседи и империјалистичките потреби на САД и ЕУ) и немајќи кој да ја чува, гаи, развива и промовира неговата колективна душа (културата); тој е осуден/оставен да биде потиснат, распарчен, поделен и отуѓен, се до негово конечо згаснување од историската палета на народи.

Затоа пописот е поддржан од таквите меѓународни фактори, инициран од нивните продолжени раце во нашата земја а легитимиран од политичките ентитети кои 30 години се во врска на “стратешко партнерство” со истите.

А мал дел народец, кој материјално отскокнува од сиромашната судбина на својот народ, да не кажам неговата буржоаска класа, без тронка идеал, никаква вредност, без свој хал и салтанат, грст луѓе абортирани од традицијата, минатото и историјата на својот народ, со свои раце – накитени со белезики и околу врат ѓердани – ширум ги отвори портите, каде со темении на бел коњ ги дочека варварите – оти без нив тие немаат смисла за своето постоење.