Средношколецот Давид Златанов: Професори осмелете се!

Средношколецот Давид Златанов од Струмица, член на Средношколскиот синдикат, со писмо се обрати до професорите. Поводот за ова јавно обраќање се средношолските протести кои се случуваат во Струмица во борбата за чист воздух, за кои беше објавено дека дел од училишните раководства не им дозволувале на учениците да се приклучат на протестите.


“ПРОФЕСОРИ ОСМЕЛЕТЕ СЕ !!!

Професорите низ историјата секогаш се бореле за промени и подобар систем и држава , но каде се тие денес ? Тие денес се заглавени во својата комфорна зона и се исплашени за своите плати и работно место доколку кренат глас против системот . Ситуацијата на протестот кој го организиравме беше следнава: барем 15 професори не’ поддржаа, но се плашеа да се појават на протестот … ЗОШТО !? Никој не знае!

Но, трагикомично е тоа што и тие се заглавени во овој образовен систем кој е исцрпувачки и над нашите можности , но тие сепак молчат … ЗОШТО !? Никој не знае !

Самите тие на часовите имаат спомнато дека овој систем е стар и нефункционален и дека треба да се смени , но кога ги повикавме некои од нив нe’ исмејуваа … ЗОШТО !? Никој не знае !

Ова е повик до професорите да се придружат во отпорот на овој систем кој ни ја уби желбата за напредок и ја закопа нашата иднина! Доколку не се свестиме и не се избориме систем кој одговара на нашите можности и ни дава иднина , полека ќе не’ снема нас младите по белиот свет.

А ВИЕ ЌЕ ОСТАНЕТЕ И БЕЗ ДЕЦА И БЕЗ РАБОТА И БЕЗ ПАРИ !!! ЗОШТО !? ЗАТОА ШТО МОЛЧЕВТЕ , СЕ ПРАВЕВТЕ НЕМИ КОГА ВИ БАРАВМЕ ПОМОШ ! ЗАТОА ДА ЈА ЗАПОЧНЕМЕ БОРБАТА ЗАЕДНО И ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА ВАШИТЕ И НАШИТЕ ПОТРЕБИ ЗАЕДНО !!! “
#СлободаЗаПрофесорите ✊
#ДостаБеше ✊
#МладитеБунтуваат ✊
#ПрофесориОсмелетеСе ✊
#СредношколскаРеволуција ✊