Левица: ДУИ со предлог-закон за експлоатација на работниците

  • Реакција на Левица – Трудов сектор

Собранието се обидува во скратена постапка да протурка измени на Законот за Работни Односи адаптирани на потребите на “Бехтел и Енка”, но не и на работниците и нивните работнички (човечки) потреби и права.

Со овие предлог измени Собранието има интенција да дозволи прекувремената работа да биде подолга од сегашниот законскиот максимум од 190 часа и тоа без никакво ограничување.

Со ваквиот предлог за измена на Законот за Работните Односи работникот е ставен во подредена положба без притоа да се обрне внимание на неговот здравје и достоинство. Дали некои од предлагачите на овие апсурдни предлози за измени на ЗРО некогаш работел подолго од 8 часа физичка работа дневно?

Прекувремената работа и досега е ограничена и условена со законски одредби а пред почетокот и воведување на прекувремена работа работодавецот задолжително мора да го извести трудовиот инспектор.

Намената на овие измени се да им дозволат на “БЕХТЕЛ и ЕНКА” покрај домашниот буџет да ги исцрпат и сите трудови ресурси и тоа се за цел да помалку платат а повеќе се збогатат под плаштот на ” национална стратегија”

Феудалниот однос кон работниците како олицетворение на овие предлог-измени го деградира и понижува работникот до степен во кој нема никаква хуманост ниту достоинство кој сигурно ќе влезе во извештајот на ЕУ за начинот на кој Македонија ги третира работниците.

Во време на трудов дефицит кога работниците си заминуваат поради тешките и неправедни услови, државата наметнува уште потешки услови.

Дефицитот на работници е голем и ќе станува уште поголем доколку Владата продолжи ги третира работниците како модерни робови кои по искористувањето треба да ги замени со нови.