Левица: Бугарската официјална политика ја загрозува државната безбедност

  • Реакција на Политичката партија Левица

Во пресрет на годишнината од раѓањето на таткото на македонската нација Гоце Делчев, загрозена е безбедноста на државата со субверзија на народниот суверенитет, изразен во функциите на власта – преку закана за атентат на Врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија од страна на бугарскиот политичар, европратеник, терорист и фашист Ангел Џамбазки.

Доколку Ангел Џамбазки, после ваквите отворени закани, влезе на територијата на Република Македонија, Стево Пендаровски и Владата на Република Македонија веднаш да дадат оставка и да се закажат избори на сите нивоа поради нивната неспособност да го заштитат територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката.

Во спротивно, нивниот опстанок на власт дополнително ја подрива националната безбедност, со кој виталните државни институции се ставаат под контрола на бугарските тајни служби.