(Видео) Левица: Шест години предавство – Шест години безрезервна борба

Од Политичката партија Левица објавија видео посветено на шестгодишната борба на македонскиот народ против квислиншкиот „Договор за добрососедство“ со Бугарија во описот на видеото стои:

Предизвиците на нашето време на плеќи ни ја ставија борбата за одбрана на македонските интереси и темели на државноста. Во оваа борба безрезервно и постојано Левица е на страната на народот кој одлучно се спротиставува на погубните процеси кои произлегуваат од т.н. ,,договор за добрососедство’’ на Заев и Владата на СДС.

Според Левица: Овој „добрососедски договор“ ги надмина и најлошите сценарија, го отвори патот за реализација на „Преспанскиот договор“, а налудничавата политика на СДСМ и ДУИ прифати историски РЕВИЗИОНИЗАМ, менувања на учебници, споделување на државна архива и државни тајна, отворање на фашистички клубови, премина кон системско уништување на антифашистичкото минато на македонскиот народ и бугаризација на македонското општество, за на крај, повторно од бугарското вето да зависи продолжување на европскиот пат, за кое се спроведуваат УСТАВНИ ИЗМЕНИ!

Претходно од партијата посочија дека „уставните измени апсолутно не гарантираат продолжување на интеграцискиот пат во ЕУ за Македонија. Доколку се случат овие измени, повторно ќе се отвори патот за бројни бугарски барања (како што ги отвори „договорот за добрососедство“) и Бугарија повторно ќе може да го користи правото на ВЕТО за секое наредно поглавје, а следејќи ја нивната политика повеќе од сигурно е дека во иднина ветото ќе продолжи да биде злоупотребувано.“

Левица стои на ставот дека Македонија треба да ги прекине секој вид на односи со Бугарија кои го задираат националниот идентитет на државата! Евро-интеграциските процеси треба да продолжат исклучително преку призмата на внатрешните реформи и Копенхашките критериуми, каде ќе бидеме третирани еднакво, како и останатите земји кои станале дел од европското семејство.