На денот на изборите ЈСП ќе вози по неделен распоред

Согласно одлуката на владина седница, утрешниот ден е неработен поради одржување на Претседателските и Парламентарните избори, а јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

-Ве информираме дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а Жичницата нема да работи, соопштија од ЈСП.

Дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.