Парламентот на Пакистан изгласа недоверба на премиерот Имран Кан

Откако Пакистан, под водство на премиерот Имран Кан, во однос на конфликтот помеѓу Русија и Украина завзема неутрална позиција, односно, одби да се придружи кон САД и НАТО во осудата на руската специјална операција во Украина, Парламентот изгласа недоверба на Премиерот.

Партијата на Кан, практично го загуби мнозинството во Националното собрание во март, кога седум пратеници од нејзиниот коалициски партнер одлучија да се приклучат на редовите на опозицијата.

Имран Кан претходно на неколку пати предупредуваше дека опозицијата дејствува по наредба од странство. Тој прстот го впери кон САД, нагласуваќи дека Вашингтон влијаел на секој можен начин да го замени поради неговите заложби да спроведе независна надворешна политика, особено после неговата посета на Москва кон крајот на февруари. Кан дури и тврди дека има снимка од амбасадорот на САД во Пакистан, што ги докажува неговите наводи.

Во понеделникот, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, посочи дека Вашингтон се обидува да „го казни непослушниот Имран Кан“, опишувајќи ги напорите за негово отстранување од власт како „уште еден обид за бесрамно мешање во внатрешните работи на една суверена нација“.