Клер Дели: Санкциите не го завршуваат воениот конфликт и не носат мир

На 9 април во Европскиот парламент, ирската европратеничка од Европската левица, Клер Дели, се обрати кон десничарско националистичкиот бугарски европратеник Анѓел Џамбаски. Нејзиното обраќање беше конкретно за улогата на НАТО во воениот конфликт и санкциите кои Европската унија ги наметна кон Русија.

„Сакам колегата Џамбаски да ми каже некои околности во кои НАТО има продуктивна улога да придонесува за мир насекаде. Историјата не научила дека санкциите не го завршуваат воениот конфликт и не носат мир. Тие прават луѓето да страдаат. Не олигарсите, луѓето. Луѓето од Русија, луѓето од Европа, и тие нема да можат да спасат животи, бидејќи што повеќе оружје внесувате во Украина, толку подолго војната ќе биде пролонгирана и повеќе украинци ќе умрат. И ова можеби звучи радикално колеги, но одговорот на војната е не повеќе војна, одговорот е мир, а мир не се носи од цевката на пиштолот. Се носи со дипломатија, со дијалог. Можете да ја сакате историјата на вашите континенти, но ние го делиме овој континент со Русија. Ќе седнеме со Русија, ќе преговараме за мир, a оваа организација тоа требаше да го промовира порано отколку да го одложува и да не уверува дека повеќе украинци умираат. Вашето глумење сочуство е шупливо. Ми се гади да бидам искрена со вас‘‘.