Прво Македонците да бидат внесени во бугарскиот Устав, па после Бугарите во македонскиот Устав

  • Реакција на ОМО Илинден Пирин – Забранетата македонска партија во Бугарија

Се додека прво Бугарија не ги признае Македонците како малцинство и не ги внесе во бугарскиот устав, ниеден македонски политичар нема право да гласа за промена на македонскиот устав и за внес на бугарското малцинство во тој устав.

Секој македонски политичар кој ги става надворешните интереси (на Бугарија и на ЕУ) пред македонските интереси, и кој работи против македонските национални интереси, треба да одговора и да биде изведен пред суд како најголем национален предавник!

Македонците повеќе не веруваат на лажни приказни за некакви гаранции од ЕУ. ЕУ многу пати досега докажа дека и се битни само бугарските и грчките интереси, и со децении молчи и го одобрува негирањето и газењето на македонскиот идентитет и во Бугарија, и во Грција и во Македонија!

Македонските политичари се избрани од македонскиот народ и на нив најбитни и на прво место мора да им бидат македонските национални интереси, а не интересите на Бугарија, Грција и ЕУ!