Земјоделците од Прилеп на протести против „Бехтел и Енка“

„Бехтел и Енка“ сака да експроприра приватно земјоделско земјиште од прва класа на кое луѓе произведуваат храна и од тоа живеат, во атарот на прилепското село Беровци, за да градат асфалтна база, паркинг за механизација и бараки за престој и работа на работниците кои ќе го градат автопатот.

Жителите се револтирани и доставиле петиција преку адвокат до сите надлежни органи дека не ја даваат земјата. Никој не ги информира од државата, никаков претставник не дошол, само од Бехтел и Енка ги повикуваат еден по еден, како сламки, велат.

На само неколку стотини метри од нивите има стотици хектари на државно далеку понеплодно земјиште, за кое не знаат зошто не се користи за оваа намена.