Апасиев: Владата воведе санкции на земји кои Османи не знае да ги покаже на карта

Пратеникот и лидар на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи сподели дека македонската Влада вовела санкции на земји со кои практично немаме ни дипломатски односи, како ИР Иран, Гвинеја и Конго и ги праша одговорните што ни згрешиле овие земји.

„Северџанистанскава Влада, на 15 март 2023, вовела санкции против Иран, Гвинеја и Конго!? Може да ни кажете, што ни згрешиле овие земји за да им воведеме санкции?“

Во продолжение пратеникот од редовите на Левица додаде како е уверен дека Министерот за надворешни работи на земјите за кои предложил санкции не знае ниту каде се наоѓаат.

„Се кладам дека Бугар Османов не знае ни на карта да ги најде кај се!“