Црвена Младина со претставници на левичарскиот фестивал во Баскија

  • Соопштение на Црвена Младина

Црвена Младина на покана на младинското движење Ернаи од Баскија деновие се наоѓа во Елорио во Баскија во близина на Билбао на левичарскиот фестивал „Gazte Topagunea”.

На фестивалот се очекува да има илјадници млади од Баскија, Каталонија и околината, како и интернациоинални гости кои ќе имаат можност да присуствуваат на најразлични работнилници и дебати од 6 до 9 Април, проследени со музички концерти и забава во вечерните часови.

Интернационалното поврзување со левичарските организации од други држави и споделувањето на идеи со младите е начин преку кој ќе можеме да размениме искуства и да научиме едни од други за проблемите со кои се соочуваат младите со цел потоа да најдеме соодветни начини и средства за решавање на предизвиците и проблемите на младите во Македонија.