Украинската и сириската криза главни теми на средбата помеѓу Лавров и Чавушоглу

Сергеј Лавров на 6-7 април беше во работна посета на Турција на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција М. Чавушоглу. Шефот на руското МНР за време на престојот во Анкара беше примен од претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.

С.В. Лавров и М. Чавушоглу разговарале за широк спектар на клучни прашања од меѓународната агенда, одржале детална „синхронизација на часовниците“ за клучните регионални прашања.

Особенно внимание на средбата било посветено на процесот за нормализација на сириско-турските односи, започнат со помош на Руската Федерација во четиристран формат, со учество на Иран како гарант на „процесот во Астана“. На состанокот една од главните теми очекувано била руско-украинската криза. Сергеј Лавров уште еднаш ја истакнал можноста за решавање на конфликтот со мирни средства, под услов да се земат предвид новите реалности, руските интереси и грижи.

Во соопштението споделено од руското МНР стои дека била разгледана состојбата со спроведувањето на договорите во рамките на „Црноморската иницијатива“. Во соопштението се вели дека Министрите се согласиле да продолжат со напорите за да се обезбеди сеопфатна примена на пакет-договорите, првенствено деблокирање на извозот на руски земјоделски производи и ѓубрива.

На средбата детално биле разгледании клучните прашања од руско-турскиот политички дијалог и трговско-економската соработка, вклучително и енергетскиот сектор.