Крмов: Она што денес се случи во Собрание е на ниво на државен удар

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, реагираше на денешниот скандал во Собранието, каде што деловникот беше прекршен од страна на спикерот Талат Џафери.

Ова што денеска се случи во Собранието е на ниво на МЕК ДРЖАВЕН УДАР!
Од една страна, спикерот Талат Џафери истера цела седница без да дозволи процедурално обраќање на Димитар Апасиев, ИАКО ПО ДЕЛОВНИК Е ДОЛЖЕН! Е ДОЛЖЕН!

Од друга страна, БЕА ДОНЕСЕНИ ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ДА ГЛАСААТ! Спротивно на Уставот и законите, само со некаков си допис за дополнување на протокол, испратен вчера!

Ова не е Собрание, ова е пара-Собрание!
Терајте силеџиски ама и СИЛЕЏИСКИ ЌЕ ЗАВРШИТЕ!


Ова што денеска се случи во Собранието е на ниво на МЕК ДРЖАВЕН УДАР! Од една страна, спикерот Talat Xhaferi истера…

Posted by Борислав Крмов on Sunday, April 18, 2021