Владата ги замрзна цените за да не растат, а сега самата ќе ги зголемува

Иако Владата донесе одлука за замрзнување на цените и најави дека повеќе нема да има покачување на истите, денес Министерот за економија Крешник Бектеши најави корекции и ново поскапување на замрзнатите цени. За ова како што вели виновни се увозниците кои пријавиле поскапи цени во Царинската управа. Во јавноста се поставува прашањето: Дали по покачувањето на замрзнатите цени, Премиерот Ковачевски и Министерот Бектеши ќе одат заедно да пазарат во некој од маркетите?

„Колку се зголемени цените на увозот на одредени производи процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната. Ако има намалување на цените кои се прикажани во Царинската управа, процентуално на тоа намалување ќе се намали и цената на тој производ. Ако е истата, ќе остане истата. Генерално нашиот увоз е од Грција, Труција, Албанија и од Србија и повикувајќи се на новите цени кои се пријавуваат во Царинската управа, следниот вторник Владата ќе ги ревидира замрзнатите цени.“

Министерот Бектеши вели дека зголемувањето на цените ќе биде многу мало.

„Ќе има кај одредени производи многу мало зголемување, како највисока цена на овие производи, но никако нема да има во малопродажба цени како пред десетина дена кога се движеа околу 130 – 140 денари па отидоа и до 150 и погоре. Цена на овошје и зеленчук за производите кои беа наведени во одлуката, нема да има поголема од 100 денари, за што дополнително ќе ја информираме јавноста“, рече министерот Бектеши.