Борислав Крмов: Не може Ескобар да дојде и да нѐ убедува да го менуваме Уставот

  • Дел од денешното гостување на пратеникот Борислав Крмов на македонското радио во „Зум Инфо‘‘

Пандорината кутија се отвори со Преспанскиот договор, кога се гласаше со уцени, закани и притисоци. Кај нас ова веќе станува пракса, што во другите држави е незамисливо. Сите нелегални методи, поткуп, закани, власта е спремна да ги направи и тие веќе тоа го нормализираат. Така се гледа нивната кратковидост, немаат антиципација какви последици има од овие глупости што ги прават, од ова урнисување на темелите на државата. Власта има илузија дека НАТО и ЕУ ќе постојат вечно, па колку и да ја разградат Македонија, ќе има странски темели кои ќе ја држат. Ниедна странска организација, ни договор, ни пакт не траел вечно.

Ние имаме влада од странски намесници, на кои им е дозволено да крадат и преку таа корупција после да бидат уценувани. Додека за најбитните државни работи одлучува странскиот фактор. И тоа власта свесно го прифаќа, само за да можат да седат во привилегираните фотелји и да имаат достап до тендери и нелегално да се богатат. Сите државнички одлуки, што е право на една држава, да одлучува за својата внатрешна и надворешна политика, власта свесно го предава на странскиот фактор.

Не може Ескобар да дојде и да нѐ убедува да го менуваме Уставот. НИЕ ќе одлучиме дали ќе го менуваме Уставот или не. Ова не е Уставот на САД! Ова е Уставот на Република Македонија и тука ќе одлучи македонскиот народ.

Македонските властодршци сами се откажуваат од суверенитетот и го предаваат на странците и чекаат тие да вршат притисоци.

Во прилог целото интервју од гостувањето на пратеникот Борислав Крмов