Муцунски, Општина Аеродром и “тендер-партнерите” создаваат дива депонија во Ново Лисиче

Општина Аеродром, градоначалникот Тимчо Муцунски и неговите “тендер-партнери” Придамид Билдинг создаваат дива депонија во Аеродорм, кратко откако Муцунски глумеше загирежен за блокадата на ЈП Комунална хигиена предизвикана токму од раководството на неговата партија.

Заменикот на Народниот правобранител, Јован Андоновски, на Фејсбук сподели видео во кое се гледа дива депонија во Ново Лисиче, позади ФФМ, во која како што наведува Андоновски има најразличен опасен отпад.

Кај последна 5ка во Ново Лисиче, позади Фудбалска федерација на Македонија, на 50 метри од спортските игралишта, 50 метри од кејот на Вардар и 100 метри од детско игралиште се наоѓа оваа депонија со: гуми, органско ѓубре, стакло, пластика, мебел, градежен шут, мрши и што ли уште не.

Доколку не биде расчистена веднаш, со жителите од населбата ќе поднесеме соодветни пријави против одговорните лица! – напиша Андоновски на Фејсбук.

На видеото во продолжение може да го проследите разговорот меѓу жена и вработен во копманијата “Пирамид Билдинг” кој вели дека во него нема налог за работа на тој простор, дека тоа си знаат газдите, на повисоко ниво е тоа, им се јавуваат телефонски и тие ги праќаат работниците каде треба да одат.

Газдата, кој вработениот го споменува, е неофицијален шеф на кабинетот на градоначалникот Тимчо Муцунски. Инаку “Пирамид Билдинг” е дел од мрежата фирми на кои градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ им давале милионски тендери, за што ќе читате на Инфомакс во следниот период.

Инаку, загадување на животната средина и природата со отпад и загрозување на животната средина и природата со отпад се кривични дела и согласно КЗ следуваат затворски казни до десет години, како и парични казни.

ЛИНК од видеото