Македонците од Пиринска Македонија го чествуваа раѓањето на Гоце Делчев

Македонците од Пиринска Македонија во организација на забранетата партија ОМО Илинден Пирин, денес го чествуваа раѓањето на еден од најголемите револуционери.

Ова го соопшти Атанас Кирјаков на својот фејсбук профил кој напишра: „Благоевград (Горна Џумаја), Пиринска Македонија,
151 година од раѓањето на Гоце Делчев!“

Во објавата додаде дека се поминала во мирна атмосвера, но под присуство на полицијата.

Во мирна атмосфера, под присуство на полицијата, без провокации, во 14.00 часот, припадниците на ОМО Илинден денеска положија букет свежо цвеќе на споменикот на македонскиот апостол и револуционер, Гоце Делчев во Благоевград.