Убиениот брат на Ким Јонг-ун бил кодош на ЦИА

Според американскиот WSJ, цитирајќи анонимни извори „кои се добро запознаени со ситуацијата“, постоеле серија контакти помеѓу ЦИА и Ким Јонг-нам, полубратот на претседателот на Корејската Работничка Партија, Ким Јонг-ун.

Според изворот, во 2017 за време на патувањето во Малезија каде врз него беше извршен атентат, Јонг-нам патувал да се сретне со неговиот контакт од ЦИА. Ова фрла сосема поинакво светло на работите и го нарушува наративот кој беше досега презентиран од западните медиуми кои тврдеа дека атентатот, за кој се претпоставува дека е по наредба на сегашното лидерство на Партијата, бил борба за превласт.

Доколку информациите се точни за соработката на Јонг-нам и ЦИА, а постојат безброј примери за саботажа на работнички држави од страна на американската разузнавачка служба, атетатот е акт на самоодбрана. Ким Јонг-нам беше воспитуван и обучуван да го наследи својот татко, Ким Јонг-ил, како претседател на Партијата, и како таков имаше пристап до информации од висока важност, како и контакти во раководството на партијата – елементи клучни за преврат и отварање на корејските пазари и ресурси на американските олигарси.

Според гласини, кои се непотврдени, Јонг-нам не стана новото лице на Партијата по смртта на Ким Јонг-ил, поради испади на декадентност и индивидуализам во неговата адолесценција. Наместо тоа беше избран неговиот помлад брат Јонг-ун.

За разлика од Македонија, во Кореја предавниците не се наградуваат со министерски позиции (Димитров).