Изјава на Левица по повод Први мај за Нова Македонија

Ќе земеме за право да кажеме дека #Левица, како политичка партија е единствената политичка организација на работниците. Оттука, во Левица како единствената работничка партија се инкорпорира сиот крик на потчинетите, но и судот за неправедностите и затоа ние водиме во борбата за враќање на националното, како и работничко достоинство и претставуваме закана, како за внатрешните, домашни, така и за надворешните, странски експлоататори.

Секако дека Први мај симболично е многу важен за борбата на работничките права, особено ако се знае дека денеска, во Македонија, со акти на Собранието и политики на Владата се губат основните работнички права кои биле главни барања, односно главна причина за бунтот на работниците во мај 1986-та година во Чикаго, од каде и ја влече традицијата овој празник на трудот. Имено, да се потсетиме, токму на овој ден 1986-та година работниците од Чикаго штрајкуваа барајќи осумчасовен работен ден, подобри услови за работа и повисоки плати. Додека денска, по предлог на Владата, Собарнието на Република Македонија сака да донесе акт со кој се уставното и законски загарантирано право од 8 часовно работно време ќе се продолжи на 10 часа?! Односно, доколку овие предлози на Владата се усвојат, 40 часовната недела ќе се зголеми на 60-часовна работна недела, експлоататорска мерка која не’ враќа во 19-ти век и со која практилно се воспоставува корпоративен феудализам.

Денеска Први мај е државен празник, празник на кој работниците не работат. Работничката класа во Македонија, и според правата кои формално-правно ги има, но не ги ужива, но и според правата кои сè уште ги нема, далеку е зад положбата на работниците во Западна Европа. Но секако, кога се работи за традицијата, или поточно кажано, навиката на македонската работничка класа овој празник да го слави со пикник во друштво на најблиските наместо со протест, не би требало тоа да биде причина за некаков вид на обвинение кон оваа класа дека има отсуство на класна свест. Сепак, тоа е ретка можност на македонските работници за воздишка и дружба со нивните семејства и пријатели во ерата на моменталниот феудалален капитализам кој владее во Македонија. Освен тоа, работничката борба не подразбира само заложби за легалистички права на работниците како право на одмор, плата и слично, работничката борба има и политичка димензија, а тоа во случајот на Македонија е суштинско.

Имено, еден од познатите работнички слогани е и „Против колонијалното угнетување“, а Македонија под НАТО ја прави колонијално угнетена а македонскиот народ нацинонално обесправен, оттука работничката борба особено значи и политичка борба на работниците за добивање на политичка моќ преку која ќе се спротивстави на западниот империјализам и шовинистичките угнетувања кон македонскиот народ кои се прават од страна на соседните држави како продолжена рака на колективниот Запад. Македонските работници најдобро знаат дека тоа што Македонија се претвори во рај за странските инвестиции тоа значеше пекол за работниците како и уништување на националните капацитети на државата и угнетување на културата на македонскиот народ.