Социјализмот никогаш не е анационален

Да не бил социјализмот и Советскиот Сојуз, денес многу нации не би постоеле затоа што ќе потклекнеле на повеќевековната русификација од страна на руските цареви. Советскиот сојуз ги негувал различните нации на својата територија и сите ги обединил во заедничката борба за комунизам. Зачувал од заборавање огромна културна градина на помали нации, кои до тогаш биле систематски потиснувани.

Социјализам значи соживот на различни нации, па и религии, а не агресивно анационализирање или агресивен атеизам.

Социјализамот е секогаш тука за народот и затоа не може и не смее да ги негира или потиснува националните или верски чувства кај народите, туку наместо тоа, да ги насочува меѓусебните борби во правец кон заедничката цел- подобар живот за сите луѓе на планетата.

Денешната „левица“ верува дека со игнорирање или негирање токму на националното чувство води некаква „прогресивна“ политика, уверена во својата анационална преначитана авангардност. Наместо да го привлече народот кон себе – таа упорно го одбива. Со таквиот анароден пристап може да очекува само понатамошна сопствена маргинализација.