Кина ги повикува богатите земји да споделуваат вакцини и да го зајакнат глобалното производство

Кина се приклучи на група од повеќе од 60 земји во Обединетите нации повикувајќи ги богатите држави да придонесат повеќе за вакцинирање на земјите во развој.
Од околу 2,5 милијарди вакцини се пуштени ширум светот, од кои само 0,3 проценти во земји со ниски примања.

Во меѓувреме, САД, Велика Британија и Европската унија обезбедија доволно дози да покријаат повеќекратна ревакцинација на нивното население.

„Вакцините се моќни алатки за справување со пандемијата и затоа треба да станат глобално јавно добро.
Загрижени сме од вознемирувачкиот тренд на национализам за вакцини и залихи на дози на вакцини далеку над потребите на нивната популација.” рече Чен Ксу, претставник на Кина во ООН во Женева, во име на групата од 63 нации.