Страдањето на Венецуела е резултат на санкциите на САД

Изминатите години сме сведоци на тоа како т.н. мека сила, односно санкциите, не ретко можат да наштетат на обичните граѓани, па дури и да предизвикуваат поголем број на жртви од самите војни. Овој метод на притисок станува се поголема пракса на земјите од Западниот свет, пред се на САД. Најчесто изложени на санкции се земјите кои во надворешната политика имаат различен интерес, или нивниот внатрешен политички, економски или социјален поредок е различен од оној кој го вреднуваат во истите тие земји.

Санкциите на САД и ЕУ кон земји како Русија и Кина можеби влијаеа во одредени сегменти од нивната политичка и економска сфера, но не оставија некакви значителни последици. Истовремено, овие санкции помогнаа на овие држави да развиваат алтернативни решенија за одредени политики, кои на крај донесоа полза и влијаеа на зголемување на соработката помеѓу самите „санкционирани држави“, како и нивната интеракција со трети земји.

Но, ова не е случај со Венецуела. Оваа мала карипска држава наиде на линч од страна на САД, особено по победата на левицата и изборот на Мадуро за претседател. Санкциите изречени против карипската држава се насочени кон клучните сектори на венецуелската економија, вклучувајќи: рударство, банкарство, увоз на храна и особено нафтената индустрија, главниот извор на девизи во земјата. Како одминуваше, периодот се поголем број на компании беа вклучени во овие санкции.

Санкциите на Вашингтон против Венецуела беа осудени од голем број мултилатерални организации и меѓународни експерти за „колективна казна“. За време на виртуелната конференција на 9 јуни, Специјалниот известувач на ООН, Алена Духан и независниот експерт за човекови права на ООН, Алфред де Зајас, ги осудија кршењата на човековите права, предизвикани од мерките за присила на САД.

Ко-директор на Центарот за истражување на економијата и политиката (ЦИЕП) со седиште во Вашингтон рече „Повеќе не постои начин да се сокрие фактот, кој секој економист го знае, дека страшното страдање и смртта што ги доживеа Венецуела во последните години е резултат на економски колапс и лишување предизвикано од санкциите на САД“, 

Во соопштението за печатот, ЦИЕП потсети дека економските санкции наметнати врз Венецуела предизвикаа најмалку 40.000 смртни случаи во нивната прва година (2017-2018), признаена бројка во извештајот на Канцеларијата за отчет на Владата на САД (ГАО). Организацијата додаде дека оттогаш најверојатно се случиле уште „десетици илјади“ смртни случаи.

Знаци за видна промена во курсот на надворешната политика што ја води САД кон Венецуела нема. Засега единствен кој побара промена на однесувањето е Kонгресменот на Демократите, МекГоверн. Тој испрати писмо  до Белата куќа и го замоли Бајден „да ги укине сите секундарни и секторски санкции изречени кон Венецуела од страна на администрацијата на Трамп“, нарекувајќи ги „погрешни и неморални“.

„Санкциите никогаш не треба да се користат за казнување на целото население за постапките на нивните водачи или за да му се наметне на непријателот да се покори“, изјави Kонгресменот нагласувајки дека е време „за корекција на курсот на американската политика кон Венецуела“ и „да престане да ја користи благосостојбата на венецуелскиот народ како пакет за разговори“ за целите на надворешната политика.