Амбасадорот на Народна Република Кина во посета на УКИМ

Од Универзитетско студентско собрание – УКИМ соопштија за посета на амбасадорот на Народна Република Кина, г. Џанг Ѕуо на УКИМ. Според информацијата која тие ја споделија, се разговарало и за можноста за развивање на соработка со амбасадата на НР Кина. Во прилог ви го пренесуваме нивното соопштение:

На иницијатива на Универзитетското студентско собрание во соработка со Универзитетот и на наше големо задоволство денес беше остварена средба со Неговата екселенција, амбасадорот на Народна Република Кина, г. Џанг Ѕуо.

На оваа средба беа дискутирани можностите за унапредување на соработката помеѓу амбасадата, УСС и Универзитетот, помеѓу нашите и студентите во Кина и организација на заеднички настани со цел проближување на двете култури.

Универзитетското студентско собрание останува во борбата за унапредување на студентските можности и подобрување на студентскиот стандард

Од УСС, за студентите