Кинеското Хуавеи бележи голем раст на профитот и покрај санкциите на Трамп

Водечката компанија во 5G-технологија бележи зголемување на своите приходи за 23,2 проценти во првата половина на 2019 година. Кинеската компанија Хуавеи оствари профит од 58,3 милијарди американски долари во првата половина на 2019 година и покрај санкциите на нивните производи наметнати од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во првите шест месеци, Хуавеи продаде 118 милиони смартфони што претставува зголемување од 24 проценти во однос на мината година година и постигна повеќе од 500 милиони корисници ширум светот. „Наметнатите санкции поради наводна закана по националната безбедност на САД имаат одредено влијание врз нашиот развој, но нивното влијание е контролирано“, изјави претседателот на „Хуавеи“, Лианг Хуа, на прес-конференција во Шенжен каде се наоѓа седиштето на компанијата.

“Ние работиме напорно за да го обезбедиме нашиот опстанок, што претставува наш главен приоритет. Исто така ние ќе продолжиме да инвестираме во нашата иднина”, изјави тој, додавајќи дека Huawei ќе инвестира 17,4 милијарди американски долари во истражување и развој до крајот на годината.

На крајот на јуни Хуавеи стана главна мета на трговската војна на Трамп против Кина, откако Вашингтон воведе забрана за продавање на производите на Хуавеи на американските фирми. Оваа еднострана економска санкција беше воведена затоа што кинеската компанија и нејзината 5Г технологија наводно претставуваат закани за американската национална безбедност. Иако Трамп најави дека Вашингтон ќе ги намали санкциите,  деталите за ваквиот чекор засега не се познати.

И покрај трговската војна со САД, Хуавеи има вклучено педесет големи договори за 5G мрежи и досега има продадено повеќе од 150.000 базни станици низ целиот свет.


Извор: TeleSur