АктуелноЛокално

ДПМНЕ нема став за сите важни прашања во последните десет години

  • Статус на Горан Лазаревски.

Па кој друг да ви е виновен ако не народот, оние што се иселиле за да избегаат од вашите криминали и башибозук? Истата мантра веќе 30 години.

Попис на кој 130.000 се попишани насила и без етничка припадност (во држава каде се е по етнички клуч) и каде никој не знае уште колку се попишани од трето лице само со матичен број без физичко присуство НЕ МОЖЕ да биде легитимен попис.

Не само што е против сите европски стандарди, туку е и против нашите сопствени стандарди кои важеле на сите претходни пописи. И сето ова се знаеше однапред дека ќе биде точно така. Тогаш се поставува прашањето: Зошто ДПМНЕ свесно влезе во оваа игра? Или уште порелевантно: Зошто ДПМНЕ за сите поважни државни прашања во последните 10 години (референдумот, амнестијата, Преспанското фијаско, преговорите со Бугарија, фалш-попис) или нема јасен став, или има тотално погрешни проценки? Зошто нема ниту сила ниту волја да го обедини народот и опозицијата против овие анти-национални проекти, кои цврсто ги отфрла не само десно-ориентираната, туку и општата македонска јавност?

Одговорот се наметнува сам по себе: ова ДПМНЕ вакво какво што е, на чело со Христијан Мицковски, не е партија што ги штити македонските национaлни интереси, туку е партија која е под директна контрола на Калето. Партија чие водство се убедило себе си дека тие се следни на ред за власт и дека таа власт не мора да ја бараат од народот кој ги гласа туку може да ја добијат само со амин од горе. Ништо повеќе од овој увид не ви е потребно за да ги демистифицирате стратешките утки на ДПМНЕ во пост-груевистичката доба. Јас не знам дали е точна оваа нивна проценка, но јас сепак се уште верувам во демократија, затоа што тоа е единствената политичка борба што има смисла.