Работниците од „Железници – Транспорт” повторно бојкотираат, ја немаат добиено септемвриската плата

Товарниот сообраќај Македонски железници го намалија за 90 проценти уште во саботата по 15 часот, а од вчера тој повторно е во целосен прекин. Овој прекин на работата на машинскиот и извршниот персонал е во знак на протест од „Железници – Транспорт”.

Претставник на машинскиот персонал Чакаровски, изјави дека тие ќе ја бојкотираат работата на Македонски железници се додека не им биде исполнето барањето за исплата на вториот дел од септемвриската плата.

Ова не е прв прекин на работата на ова претпријатие, претходно ваков прекин имаше пред неколку месеци, односно во август поради неисплатен втор дел од платата за јуни. Откако беше исполнето барањето претставниците на машинскиот персонал го прекинаа бојкотот, но најавија повторни блокади ако не се реализира обврската за исплатата на платата најдоцна до 25-ти во месецот.

Освен ова 80 работници сè уште немаат целосно решен работен статус, Синдикалните организации при „Железници Транспорт“ веќе побараа новата влада да најде трајно решение за проблемот со работниците на кои не им е продолжен договорот за работа, а со тоа и да обезбедат непречено функционирање на самото претпријатие.

За јавноста и работниците останува нејасно дали власта намерно води ваква лоша политика со Македонски железници чии најголеми жртви се работниците во претпријатието. Имајќи во предвид што се случуваше во останатите претпријатија пред да бидат приватизирани, оправдано е сомневањето дека тие се обидуваад да го доуништат железничкиот транспорт со цел полесно спроведување на приватизација.