Македонски железници на работ на приватизација!

Пишува Гаврил Трајковски, член на Црвена младина.

Македонски железници секојдневно се повеќе тони во долгови, минатата година ја заврши со долг од 58,4 милиони евра. Директорот на МЖ, Аднан Азизи со државни пари набавил автомобил „Форд Мондео Титаниум“ познат како „Агент 007“ алудирајќи на софистицираните автомобили кои ги вози Џејмс Бонд во филмовите. Додека Азизи се луксузира на грбот на граѓаните, прастарите локомотиви и вагони се расипуваат на секој чекор. Секој ден возови каснат со часови, транспортот на патници трае предолго, а условите за патување се катастрофални. Во лето нема клима, во зима нема парно, нема никаква грижа за тоалетите во возовите.

Македонски железници се познати и по скандали со партиски и фамилијарни вработувања. Каде блиски членови на семејствата на директорите се унапредуваат и вработуваат. Вработувања како чистач до унапредување во референт за плати, сопруги како благајнички, партиски послушници унапредени како раководители на сектори со плата и до 60.000 денари, вработување синови и ќерки.

За состојбата на МЖ, зборува и тоа што на местото економски директор е поставен Ваљон Беља, кој беше разрешен од истата функција на Клиниката за гинекологија несоодветен настап во јавноста и нарушени меѓучовечки односи. Разрешувањето на Беља се случи по меѓусебните јавни обвинувања со медицинската директорка на Клиниката, Викторија Јовановска на Фејсбук.

Истиот тој е застрелан во Чаир.
Беља во декември минатата година беше застрелан во делот на десната потколеница, од страна на непознато лице придружувано од четири мажи.

Нема информации до каде е истрагата за истото.
Беља во политиката влезе преку невладината организација Реалитети. Во 2010 година стана лидер на партијата Албански сојуз, која подоцна се спои со ДПА. Беља сега е кадар на ДУИ.
Во 2016 година како вработен во општината Чаир беше приведен од полицијата, бидејќи заедно со уште неколку лица дошол во општината и го барал градоначалникот за да расчитат некаков проблем.

Тогашниот градоначалник Изет Меџити не бил во канцеларијата, а Беља оставил куршум во салфетка.
Како што пишуваа тогаш медиумите заканата до Меџети била поради тоа што Беља наводно барал да биде поставен за директор на Пензискиот фонд.

Ова се чесните кадри кои Заев ги ветуваше, ова се луѓето кои се на пат да ја приватизираат и Македонија. Пустошот кој го прави оваа влада ќе остане запаметен во историјата како најцрните денови од поновата историја на Македонија, запишано во учебниците на идните генерации.
Единствен начин тоа да се смени е со промена на оваа власт, нас ни требаат искрени и одлучни борци за подобро утре.
Затоа, ние, како ЛЕВИЦА сме единствена опција, искрата во мракот, надежта и среќата за секој кој искрено ја љуби Македонија!

П.С. Денес возот Скопје-Битола кој требаше да тргне 6:50 каснеше скромни 70 минути!