Проблемот со работниците од „Железници Транспорт“ не е решен, но затоа бројот на вработени административци постојано се зголемува

Владата во месец декември само за три министерства предводени од ДУИ распишани огласи за над 220 вработувања на административни работници, но работниците од „Железници Транспорт“ не добија согласност од Министерството за финансии, за продолжување на нивниот работен ангажман.

Синдикалните организации при „Железници Транспорт“ бараат новата влада да најде трајно решение за проблемот со кој се соочуваат 80-те работници на кои не им е продолжен договорот за работа, а со тоа и да обезбедат непречено функционирање на самото претпријатие.

Од „Железници Транспорт“ предупредуваат дека компанијата останува без извршниот персонал кој е неопходен за безбедно и непречено одвивање на железничкиот сообраќај. Тие потенцираа дека синдикатот синдикати ќе ги преземеме сите мерки што ни стојат на располагање со цел да ги заштити работниците.

„Доколку на овие наши барања не биде благовремено и во целост позитивно одговорено, ние како синдикати ќе ги преземеме сите мерки што ни стојат на располагање со цел да ги заштитиме нашите колеги и нашата компанија, се вели во соопштението.“ – Реагираа остро од Синдикалните организации при „Железници Транспорт“.