Апасиев: Шпанија стана првата земја-членка на ЕУ која на затворска казна осуди музичар за текст на негова песна!
Утринава во Шпанија беше уапсен левичарскиот рапер Пабло Хасел поради навреда на кралската круна и глорифицирање тероризам, според шпанските власти. Шпанскиот суд на Хасел му одреди 9 месеци и еден ден затвор за неговата левичарска музика и неговиот активизам за наводно „величење на тероризам и навреда на круната и државните институции“.
Тој беше осуден врз основа на 64 пораки на Твитер и песна споделена на Јутјуб, во која тој ги критикуваше шпанските институции, вклучително и круната.
Со фејсбук статус реагираше и претседателот на Левица – Димитар Апасиев, кој напиша дека „Шпанија стана првата земја-членка на ЕУ која на затворска казна осуди музичар за текст на негова песна.”
The communist Catalan rapper Pablo Hasel was arrested this morning by the police, after the rector of the university Hasel was barricaded in gave the police permission to enter. (video by @Purnas) pic.twitter.com/GB5F6oO9DP
— redfish (@redfishstream) February 16, 2021