(Видео) Предлог-законот за укинување на апанажата не се стави на дневен ред поради превод

  • Соопштение на Политичката партија Левица.

На денешната собраниска седница, пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, побара предлог – законот за изменување на Законот за плати на избрани и именувани лица да биде ставен на дневен ред.

Ваквото барање беше одбиено од страна на спикерот Талат Џафери, кој се изјасна дека предлогот сѐ уште не е преведен и дека поради тоа нема услови за гласање. Левица јавно ги повикува останатите парламентарни партии да се изјаснат дали ќе го поддржат предлогот за укинување на небулозните привилегии на функционерите.

„Ако сте министер, земате плата 1.500 евра. По престанок на функцијата, ако министерот побара апанажа, уште една година ќе зема иста плата, иако не работи ништо. Тоа значи 100% надоместок. Додека пак, ако сте обичен работник, ќе земете само неколку месеци 50 отсто од платата.

За работниците да добијат вакви надоместоци од 24 месеци, ќе им требаат 25 години работен стаж за да добијат ова што министрите го земаат со само две години работен стаж како министри!

Сметаме дека ова е дискриминација по класна основа и е спротивно на начелото на еднаквост пред Уставот и законите” – истакна во својот говор пратеникот Димитар Апасиев.