Со двајца македонски дипломати во Русија Владата протерува руски дипломати

Изминатата седмица од Руската амбасада во Скопје со симболичен дипломатски гест беше одбележано раѓањето на македонскиот револуционер Јане Сандански. Меѓувремено, на Московскиот Државен Универзитет – ,,М.В. Ломоносов“ беше прославен јубилеј од 45 години на Катедрата за македонистика, додека пак од страна на Россотрудничество во Музејот на македонската борба беше организиран детскиот ликовен конкурс “Зимска приказна”. 

Претходно, Русија донираше вакцини на Р. Македонија во најтешките моменти од Ковид кризата и направи бројни дипломатски гестови во насока на затоплување на взаемните односи, но, се чини дека од тоа нема ништо.

Праксата за протерување на руски дипломати од Македонија продолжува. Последната ваква одлука се случи на 14 мај, кога македонското МНР солидаризирано со претседателот Стево Пендаровски одново донесоа одлука за протерување на руски дипломат, кој е прогласен за „persona non grata“ и има рок од 7 дена да ја напушти државата.

Од руска страна на овој чин не останаа рамнодушни. Денес, во соопштение од Руското МНР објавија напишаа: „Остро ги осудуваме ваквите немотивирани активности, кои не можат да не се одразат на руско-македонските односи.“ 

По ова соопштение со реакција се огласи и потпаролот на руското МНР Марија Захарова: 

“На 14 мај беше преземен непријателски чин против руската дипломатска мисија во Северна Македонија. Властите на земјата прогласија руски дипломат за  „персона нон грата“.  Денес Министерство за надворешни работи на Русија ги осуди ваквите активности и рече дека ќе следат реципрочни мерки.



На ова, денес Министерството за надворешни одговори дека во Русија работат само двајца нивни дипломати – и во Скопје се надеваат дека Русија нема да го протера ниту едниот, ниту пак двајцата дипломати, како одговор.

Прашање:
Што мислеа во Скопје кога ја донесуваа одлуката за протерувањето на рускиот дипломат? Или ни предлагаат да протераме други, наместо нивните дипломати, кои ги има малку?”

Потсетуваме, претходно на 17 април од страна на Руската амбасада во Скопје следеше остра реакција кон македонското МНР по објавувањето на солидарност со антируските санкции на САД од страна на Бујар Османи.